АКО ОВА СЕ СЛУЧУВА ВО ВАШАТА ВРСКА ИЛИ БРАК, тоа е показател дека се ближи КРАЈОТ!

popara5 јануари, 20231min00
Screenshot_6

Многу падови, малку искачувања

 

 

Драма со ист развој на настаните – тој е бесен, заминува и ја треска вратата, Вие плачете или се чувствувате празно; социјално ангажирана драма околу финансиите, поделбата на обврските, односите со другите луѓе и семејството; драма која е во фокус на партнерот – вие сте незадоволни, тој е незаинтересиран и неискрен итн.

 

Ако сите овие драми се одвивааат често, и потоа немате „секс за смирување“ или едноставно, не се чувствувате виновни и бесни, тогаш нешто не е во ред со Вашата врска.

Успехот во врската се оние моменти кои ги поминувате заедно, без да настане кавга за ситници. Доколку не чувствувате пријателство и поврзаност помеѓу Вас, Вие веќе не верувате дека врската може да биде подобро и престанувате да се трудите.

 

Не се гледате со „розови очила“

 

Доколку сакате некој поради тоа што е, тогаш неговите грешки и маани не го менуваат Вашето мислење за него. Експертите ова го дефинираат како „позитивна илузија“, кој е добар показател на однос на повисоко ниво. Но, дали овој однос постои помеѓу Вас? Еден начин да дознаете!

 

Доколку имате подобро мислење за Вашиот партнер во некое поле (интелигенција, физички изглед, успех) отколку тој што има за себеси, тогаш тој однос постои. Но, ако веќе не успеавте да ги согледувате добрите страни на другата половина, и сите оние работи кои порано не Ви сметале, сега Ве прават нервозни и критички настроени, тогаш сте ја изгубиле способноста да го гледате и цените најдоброто кај партнерот – што значи дека и тој ја изгубил вредноста и позицијата во Вашиот живот.

 

Некој од вас има комплекс на супериорност

 

Се чувствувате како да сте ја прифатиле просечноста? Веројатно и е така. Но, постои разлика помеѓу чувството дека сте премногу добри за некого и помирување со околностите и прифаќање на она што го имате. Експертите за партнерски односи велат дека оној кој се чувствува супериорно во една врска, потајно го презира својот партнер и го доведува до непријатни ситуации. Оној кој во врската се чувствува поинтелигентен од другиот, и кој смета дека е поенергичен и духовит, често задржува една критичка дистанца, станува пасивен и длабоко несреќен.

 

Доколку ги препознаете овие знаци и во Вашата врска, време е да се преиспитате себеси. Не го трошете залудно времето на нешто што е веќе изгубено.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma