Ако планирате да имате секс под туш, треба да ги знаете овие работи пред да се намокрите

popara8 февруари, 20231min00
676

Многу парови сакаат да пробуваат нови работи и со задоволство експериментираат, и во кревет и надвор од него.

Ако сте меѓу нив, веруваме дека сексот под туш е идеален за вас. Не само што за време на тоа ќе научите што не ви се допаѓа, туку и ќе внесете малку свежина и страст во врската.

Сепак, пред да се зафатите со работа, треба да знаете на што да внимавате, што може да тргне наопаку и кои се придобивките од сексот под туш.

Според „MBG“, секс терапевтот д-р Шенон Кверпи вели дека водата треба да биде потопла за да се создаде влага и пареа.

– Со тушот можете да поминете преку ерогените зони – советува нејзината колешка, секс експертот Кејси Танер.

Сепак, бидете внимателни, бидејќи многу лесно може да се случи несреќа. Внимавајте да не се лизнете и да не се повредите, затоа набавете гумени патосници и ставете ги на дното од кадата или туш кабината.

Запомнете дека водата не е лубрикант, туку напротив – може да ја измие природната женска лубрикација, па сексот може да биде непријатен. Користете лубриканти од аптеките – и тоа оние силиконските. Доколку користите кондом, треба да го ставите пред да стапите во контакт со вода и да внимавате да не ви падне за време на сексот поради влагата.

Исто така, погрижете се шампоните и геловите за туширање да не влегуваат во вашите интимни подрачја. Најдобро би било прво да се истуширате, а потоа да преминете на секс за целосно да ја елиминирате таа можност.

Сексот под туш има многу позитивни работи, а една од нив е намалување на напнатоста во телото. Топлата вода опушта, го ублажува стресот и им помага на партнерите да бидат посензуални. Покрај тоа, овој вид на секс е одличен за парови кои имаат деца и тешко наоѓаат простор и време за себе. Ќе внесете разновидност и креативност во вашиот сексуален живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma