Ако постојано јадете готова храна, веројатно ви фали важен минерал: Ова се знаците кои ги испраќа телото кога тој недостасува

popara25 март, 20231min00
2a3ecefd4018410509a3142a13e34348c2c15146

Ако ви недостасува витамин или минерал во вашето тело, тоа ќе ви испрати порака.

Ако јадете многу храна од кеса или кутија, веројатно имате премалку калиум во телото, тврди нутриционистот Лорен Блејк од медицинскиот центар Векснер во Охајо.

А калиумот обезбедува правилна контракција на мускулите во телото, ги регулира телесните течности и балансот на минералите во телото.

Освен тоа, ги ублажува последиците од прекумерното консумирање сол, што е проблем со кој се соочуваат многу луѓе во светот. Пред се, ги штити крвните садови од оштетување и згуснување и го намалува високиот крвен притисок.

Доколку сте постојано уморни, но спиете колку што треба, причината може да биде недостатокот на калиум.

Ова се најчестите знаци дека на вашето тело му недостасува калиум:

1. Замор

На телото му треба калиум за нормално функционирање. Доколку сте постојано уморни, а спиете колку што треба, причината може да биде недостатокот на калиум, тврди Лорен Блејк. Заморот може да биде последица и на стрес, лоша исхрана и недостаток на сон, кои исто така се проблеми поврзани со недостаток на калиум во организмот.

2. Мускулни грчеви

Калиумот е неопходен за правилно функционирање на мускулите низ телото.

Кога нивото на овој минерал во телото е ниско, поединецот доживува болка и грчеви во текот на денот или додека вежба.

3. Чувство на слабост и вртоглавица

Количината на калиум може да варира во текот на денот, а големото опаѓање на овој минерал во телото може да предизвика забавување на отчукувањата на срцето, со што се чувствувате како да се онесвестите.

Ова не е вообичаено, но доколку ви се случи, задолжително посетете лекар, предупредува американскиот нутриционист. Не игнорирајте ниту ако чувствувате пецкање во рацете и нозете.

4. Висок крвен притисок

Без соодветни количини на калиум во телото, крвните садови може да се стеснуваат, што доведува до висок крвен притисок. Исто така, внимавајте на палпитациите на срцето – најважниот мускул во телото не може да работи добро кога има нерамнотежа на натриум и калиум во телото.

5. Постојана надуеност

Телото има проблеми со регулацијата на солта кога има недостаток на калиум во телото. Сето ова може да доведе до надуеност. Ако често сте подуени, ова може да биде една од причините.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma