Треба да знаете
Во обид да ја подобриме состојбата на кожата и да ја одржиме здрава и негувана, понекогаш знаеме дека претераме и да доведеме до спротивен ефект.
Еве што никако не треба да правите, а што треба да направите за да ја одржите вашата кожа во идеална состојба.
Не претерувајте со производи за хидратација на кожата, бидејќи тоа може да има спротивен ефект и да ја исуши. Причината за ова е што кожата се навикнува на кремот или серумот да ја врши работата за тоа. Знаци дека прекумерно употребувате производи за нега се: затнати пори, акни, чувствителна кожа. Доволна е мала количина хидратантна крема, еднаш дневно.
Нанесувајте заштитен фактор на секои два часа, задолжително! Не заборавајте на вратот и деколтето. Ако не го направите ова, ќе забележите брчки и оштетување на кожата многу порано отколку што очекувате.
Кога ја отстранувате шминката, особено на пределот околу очите, натопете памучна вата, газа, памук или што и да е со мицеларна вода и држете ја на местото од кое сакате да ја отстраните шминката, на тој начин ќе и дадете време на мицеларната вода да проработи, а потоа избришете ја шминката со едно движење. Она што не треба да го правите е да натопите памук со мицеларна вода и да почнете да триете во сите правци бидејќи на тој начин ја истегнувате кожата.