Познат доктор го издвои појадокот за кој смета дека е најдобар
Мајкл Мозли е доктор и ТВ водител кој создаде револуционерен план на исхрана, помагајќи им на илјадници луѓе да се ослободат од вишокот килограми. Бидејќи сезоната на летни одмори започна и многу луѓе размислуваат како да се ослободат од вишокот во последен момент, Мајкл издвои брз и едноставен начин – со елиминирање на три групи на намирниви или барем намалување на нивната потрошувачка.
Шеќер
Прв на листата е шеќерот, пред се слатките колачи, сладоледите и другите десерти.
„Веднаш исфрлете го шеќерот, засладените задоволства, засладените пијалоци и десертите. Ова ги вклучува повеќето житарки за појадок, кои обично се полни со шеќер, како и повеќето комерцијални смутија“, објасни Мозели.
Јаглехидрати со скроб
Уште една група на намирници кои треба да се исфрлат од исхраната се „скробните јаглехидрати“.
„Намалете или избегнувајте ги јаглехидратите со скроб – значи бели работи: леб, тестенини, компири и бел ориз“, советува докторот.
Наместо тоа, тој препорача да се префрлите на „интегрални житарки“, вклучително и цел ‘рж, цел јачмен, див ориз и хељда.
„Мешунките, како што се леќата, гравот и наутот се исто така здрави и заситувачки“, додава тој.
„Ултра-обработена“ храна
На крајот, тој објасни дека преработената храна и месо, исто така, треба да се избегнуваат кога се обидувате да изгубите тежина.
„Ултра-обработената“ храна вклучува хамбургери, чипс, пица, виршли, претходно спакувани оброци, сладолед, бонбони, чипс, енергетски барови, печива, бисквити, маргарин и се што е инстант“, вели д-р Мозли.
Бидејќи житариците, смутијата и колачите им се забранети за појадок на луѓето кои се обидуваат да ослабат, многу луѓе се прашуваат кој е најдобриот избор за првиот утрински оброк.
Мајкл Мозли објасни дека јајцата се најдобрата опција за појадок бидејќи ќе ве држат сити подолго од, на пример, житарки или тост.
„Варено или пржено јајце, кајгана или омлет. Додадете малку зелен зеленчук, пармезан или чаден лосос“, предложи тој.
Јадењето храна богата со протеини наутро ни помага да останеме сити подолго време. Други добри извори на протеини се зеленчукот, овошјето, мешунките, јаткастите плодови, гравот и рибата.
„Една од главните причини зошто треба да се одлучите за појадок со малку јаглени хидрати и високо протеински појадок е да не огладнете па да бидете во искушение да јадете ѓеврек. Многу студии покажаа дека ако јадете појадок богат со протеини, можеби нешто со јајца или риба, тоа ќе ве држи сити подолго“, заклучил Мајк Мозли.