Држете се до оваа диета и ќе видите резултати многу брзо!
Професорот Тим Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон објасни дека кроасаните, житариците и белиот леб се „ултра-обработена“ храна и изјави дека оние кои сакаат да ослабат не треба да ги јадат за појадок. Според него, исфрлањето на овие три намирници од појадокот би го намалило дневниот внес на „ултра-обработена“ храна за една третина.
Тој додаде и дека сите кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми, освен од споменатите намирници, треба да се откажат и од јогуртот со вкус, како и од слатките пијалоци како овошни сокови.
Наместо тоа, експертот препорача да јадете обичен јогурт наутро во комбинација со јаткасти плодови или печурки на леб од кисело тесто или омлет од спанаќ.
Дали е здрав јогуртот со овошје и гранола?
„Ултра-обработена“ храна, објаснува тој, е храна која не се прави дома од природни состојки, туку содржи различни адитиви. Британската фондација за срце објасни дека „ултра-обработената“ храна обично има пет или повеќе состојки.
– Има тенденција да содржи многу адитиви и состојки кои вообичаено не се користат во домашната кујна, како што се конзерванси, емулгатори, засладувачи и вештачки бои и ароми. Овие намирници генерално имаат долг рок на траење – наведоа тие.
Житариците за појадок и пакуваниот леб се сметаат за „ултра-обработена“ храна бидејќи често имаат дополнителни состојки додадени за време на производството.
Експертите, пак, составија листа од 12 намирници кои ви препорачуваат да ги јадете за појадок доколку сакате да ослабете:
Јајца,
Банани,
Обичен јогурт,
Смути,
Шумско овошје,
Грејпфрут,
Киви,
Зелен чај,
Чиа семе,
Овесни снегулки,
Ленено семе,
Орашасти плодови.