
Не треба да поминувате часови и часови пред огледало за да имате убава, сјајна и здрава коса. Почнете да ги применувате овие совети во секојдневната рутина и набрзо ќе го видите посакуваниот резултат.
- Кажете ДА за серумот за коса
Серумите за сјај со посебна формула, која на непослушната коса и дава правилна форма, се одличен избор. Со нив брзо можете да го поправите изгледот на својата коса. Серумите ја хранат вашата коса со потребната количина на масло или силикон.
- Испробајте регенератор во спреј
Обичните регенератори се супер, но ако сакате навистина да и овозможите сјај на вашата коса, вклучете ги регенераторите во спреј во вашата рутина. Тие се нанесуваат исто како серумите, на мокра коса и не се измива. Но, внимавајте, оди само на врвовите, никако на коренот.
- Во ладната вода е спасот
Чувајте ја косата од жешка вода. Топлата вода ја суши косата и ја прави безживотна. Затоа, наместо миење на шампонот и регенераторот со топла, жешка вода, пробајте да го направите истото со млака. Знаеме дека е тешко да се замисли, поготово поради ниските температури, но барем обидете се. Овој начин ги затвора кутикулите на влакното и овозможува рефлектирање на светлината, со што косата станува сјајна.
- Обрнете внимание на фенирањето на косата
Кога ја фенирате косата, внимавајте да ја распоредите во неколку помали делови. Откако ќе завршите последниот „круг“ поминете со ладен воздух, за поголем сјај.
- Преминете на силиконска пегла за коса
Пеглата за коса е најдобар пријател на жената кога сака да има рамна и мазна коса, но е најголем непријател на самата коса. Испробајте силиконска пегла, наместо керамичка или метална. Загреаниот силикон многу лесно поминува преку косата и ја израмнува уште од првиот обид, па со тоа ќе го намалите повторувањето, како и дополнителното оштетување на косата.
- Здравата исхрана е главен фактор
За сјајна и здрава коса секако дека главен фактор е здравата исхрана. Витамините А(морков, спанаќ, јаболки…) и Е(маслиново масло, лешници, авокадо…) треба да ги внесувате во секјдневната исхрана. Ако сакате вашата коса побрзо да расте јадете повеќе протеини, како јајца и ореви.