Ако се прашувате дали ве сака: Еве 10 знаци дека сте во центарот на неговиот свет

popara30 мај, 20231min00
Screenshot_3

Прашањето дали сме сакани е многу често прашање во врските и доколку се мачите со тоа, не сте единствени. Како да знаете како се чувства вашата сакана личност?

 

 

 

 

Дури и кога нештата одат одлично, често се случува да се прашувате себеси како се чувствува тој. За среќа, постојат многу знаци кои го покажуваат тоа, а единствено што треба да направите е да ги забележите.

 

 

 

Прави планови – доколку личноста со која сте во врска прави долгорочни планови со вас, значи дека е посветена на врската и односот меѓу вас и не планира да замине наскоро.

 

Ве почитува – доколку покажува почит, ве третира како достоен соговорник и еднаков партнер во врската, тогаш голема е веројатноста дека се грижи за вас и ве сака.

 

Внимава на вас – можеби ви остава доволно слобода, но сака да знае како сте и ве проверува кога имате важни настани или пак сте настинати.

 

Искрен/а е – доколку не сте го/ја фатиле во лага и верувате во него, тогаш  ве сака вистински и сака да изгради врска и иднина базирана на доверба.

 

Покажува интерес за нештата кои ви се случуваат – доколку и значите на личноста со која сте во врска, таа ќе покаже интерес за нештата кои ви се случуваат и кои ви се вам важни.

 

Ве заштитува – прави напори да ви помогне и се однесува заштитнички кон вас во многу ситуации.

 

Се согласува со вас, но не целосно – внимавајте на луѓето кои се согласуваат со сè што ќе кажете. Можеби не им значите или пак не ве слушаат доволно. Личноста која ве сака ќе се сложува со вас, но ќе ви посочи кога не сте во право.

 

Ве држи за рака – личноста која  ве сака можеби нема постојано да ве држи за рака во јавност, но ќе ве фати за рака или ќе покаже друг начин на нежност кога сте со други луѓе, бидејќи едноставно таква е поврзаноста кога луѓето се вљубени.

 

Покажува мала љубомора  – можеби нема да прави љубоморни сцени и испади, но ќе се чувствува малку загрозено или пак ќе направи смешни шеги на вашите излегувања со другите луѓе.

 

Не го користи својот телефон додека е со вас  – личноста која ве сака ќе ужива во вашето друштво и нема да посака да гледа долго во својот телефон, следејќи ги животите на другите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma