Ако сте лути или анксиозни, испробајте ги овие вежби: Ослободете се од сета негативна енергија на безбеден начин

popara7 август, 20231min00
trening-fitnes-rekreacija-vezbe-vezbanje-umor-830x0 (2)

Вежбањето е добро за ослободување од негативната енергија и е одличен начин за смирување на тензиите.

Една студија покажа дека аеробното вежбање може да помогне во намалувањето на анксиозноста и депресијата.

Но, што да практикуваме кога сме лути? Ова се само дел од вежбите.

Аеробни вежби

Аеробните активности се еден начин да се намали гневот и кај возрасните и кај децата. Исто така, индивидуалното веслање или трчање на трака е поврзано со намален гнев и анксиозност. Со овие активности мозокот се пренасочува кон нешто друго и не е фокусиран на изворот на гневот.

Бокс

Со боксот, покрај согорувањето на калориите и градењето сила во горниот дел од телото, ќе се фокусирате на комбинација на удари, кои ќе ве оддалечат од лутите мисли, или ќе излезат на физички, но безбеден начин.

Јаже за скокање

Ова е вежба која бара концентрација и фокус, но и одредена опрема. Овој кардио тренинг позитивно влијае на сите мускули, а освен што е забавен, го подобрува и вашето расположение, па затоа е идеален кога се чувствувате лути.

Јога

Истражувањата покажаа дека јогата е ефикасна за подобрување на расположението и за намалување на анксиозноста. Ако сè уште не сте ја правеле, но сакате да ја испробате, дефинитивно соберете храброст за тоа.

Таи Чи

Боречка вештина од Кина која може да ве смири доколку сте лути поради лесните движења. Постојат апликации и курсеви за оваа вештина кои можат да ви помогнат доколку сте почетник.