Остварување контакт со очите две секунди, внимателно избрана гардероба, краток допир на раката – сето тоа се навидум мали нешта за време на флертувањето кои можат да го разгорат пламенот на страста во главата на личноста која ви се допаѓа.
Тина Еверт, експерт за машко-женски односи, смета дека за успешно флертување важно е да се избере личност која е исто толку привлечна како и вие. Иако во пракса нејзината теза главно се покажува како точна, постојат исклучоци, па многу позгоден маж завршува во емотивна врска со девојка со просечен изглед и обратно. Но, тоа не е правило.
Тина проценува дека паровите кои се подеднакво привлечни ќе издржат подолго во љубовна врска од оние кои ги дели голема разлика во физичкиот изглед.
Таа исто така открива како да флертувате со некој што ви се допаѓа за да го заинтересирате за вас.
1. Атрактивноста не значи само добар изглед
Повеќето ќе се согласат дека атрактивниот физички изглед е „билет“ за успешно флертување, но оние кои мислат дека за успех се доволни само долги нозе, бујно деколте или извајано тело, немаат поим колку грешат. Атрактивноста се рефлектира и во ставот и енергијата, што може да игра клучна улога во успехот на флертувањето.
Еверт нагласува неколку позитивни ставови кои можат да ви помогнат да најдете луѓе со слична привлечност за флертување.
„Се фокусирам на поврзување. Партнер е некој што го сакам, а не предмет или цел“.
„Ја преземам одговорноста за моите успеси со преземање иницијатива во животот и во меѓучовечките односи.“
„Се обидувам да ги преземам потребните ризици, да ги надминам стравовите и да го зголемам нивото на удобност за да ги постигнам моите цели.“
2. Избегнувајте ја „замката на привлекување“
Често се случува силната физичка привлечност кон некого да ја толкуваме како „знак на судбината“ дека веднаш мораме да бидеме во врска со таа личност. Ова се случува кога нашата намера да флертуваме ќе се претвори во моментален занес, а нашите избори стануваат несвесни.
„Замката на привлекување“ кон некого е како радарски систем кој ни помага да ја најдеме нашата „цел“, а „замката на привлекување“ се јавува кога безумно и слепо го следиме тој радар. Тогаш веќе не флертуваме за забава, се протнавме во зоната на заљубување.
Нема ништо лошо во тоа да се биде заљубен, но во процесот на наоѓање нова љубов, тоа може да предизвика да се изгубиме себеси или да ги загрозиме нашите цели и вредности.
Исто така, заљубувањето може да ја саботира можноста флертот да се претвори во долготрајна врска.
3. „Го земам она што можам да го добијам“
Ако го прифатите овој начин на размислување, сте во искушение да прифатите помалку отколку што реално заслужувате. Флертувањето е забавно, но не е игра со бројки. Кога очекувате помалку, ќе добиете помалку.