Ако често го слушате ОВА, време е за АЛАРМ – Прашање кое може да навести раскинување

popara12 јануари, 20231min00
676

Прашање-одговор, а потоа возвратно прашање, е тој „љубовен пинг-понг“ што создава разбирање, гради блискост и доверба и постигнува чувство на посебна интимност што само вие двајцата го имате.

Меѓутоа, понекогаш може да се појави црвена „топка“, која се појавува и покажува дека нешто не е во ред со вашата врска и дека можеби и се заканува раскинување.

Честото планирање на одвоеното време е еден од знаците дека вашата љубов е во криза. Прашањата како „Одам во кафуле, дали е тоа во ред со тебе“ или „Би сакал да одам на викенд со пријателите“ можат да бидат само израз на природна желба за кратка „пауза“. Но, ако се чести, треба да проверите дали „е се во ред“ во врската.

Прашањето „каде оди нашата врска“ е сигнал за посериозен раздор.

– Ако партнерот размислува за раскинување, ќе се обиде да открие што мислите вие ​​за тоа. Многу често ваквото прашање е само реторичко, односно партнерот веќе донел одлука и сега сака да започне разговор за раскинување. Веројатно најлесно би му било ако и вие реагирате негативно, се надева дека ќе кажете дека е најдобро да раскинете – вели Тифани Хомен, животен тренер на полето на партнерските односи.

„Дали си воопшто среќна“ е прашање што може да се постави и без прашална форма. „На пример, некој вели – изгледа дека повеќе не си задоволен со мене. Или – не знам повеќе како да те направам среќна“, објаснува Селест Лабади, советничка за брак и семејство. „Со ваквото прашање тежината на одлуката се префрла на партнерот, а всушност тој што прашува е исфрустриран и посакува крај на врската.

„Што мислиш, дали пак ќе врне“ е прашање кое нема врска со љубовта, а кога партнерот често посегнува на вакви теми, тоа го најавува крајот.

– Ова е фазата во која често владее непријатна тишина, а партнерот се обидува да ја прекине со неутрални теми – вели антропологот Кејт Фокс.

Кога ќе престанат сите прашања, тогаш навистина е готово. „Ова е придружено со отсуство на контакт со очите, без физички допир, партнерот ве игнорира, гледа на другата страна, воздивнува или само шмрка како знак на незадоволство“, вели Лабади. Затоа е најдобро уште при првиот знак повторно да ја отворите комуникацијата и да се обидете да најдете заеднички јазик за да ја спасите љубовта ако е можно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma