Карираниот дезен одамна не е на сила во модниот свет и ретко дека парче со овој дезен ќе се најде на листата на популарни парчиња.
Сепак, познатите личности повторно не изненадија и оваа есен повторно ни го претставија добро познатиот дезен – карирано.
Овие парчиња се одлични за секојдневен и лежерен стајлинг, бидејќи ќе ви го дадат оној шик grunge изглед, како што презентираат овие жени.
Она што можеме да го забележиме е дека парчињата што ги избираат во овој дезен се претежно палта, јакни или кошули кои ги носат како „јакна“.
Ако се уште ги чувате овие, ќе признаеме, легендарни парчиња, тогаш е вистинско време да ја заокружите есента со нив. Погрижете се да не го пропуштите овој тренд, бидејќи е познат по својот краток престој во светот на популарните.
Дали сте подготвени за овој модел?