Окружниот обвинител на Ново Мексико, Мери Кармак-Алтвајс, изјави дека одлучила да ги обвини актерот Алек Болдвин и задолжената за надгледување на оружје од филмската екипа Хана Гутереш-Рид, за убиство од небрежност на жена- снимател на сетот на филмот „Раст“.
„Актерот и продуцент на „Раст“ Алек Болдвин и одговорната за грижа за оружје Хана Гутереш-Рид ќе се соочат со две точки од обвинението за убиство од небрежност на Галина Хачинс на филмски сет во округот Санта Фе во 2021 година“, рече Кармак-Алтвајс во изјавата.
Таа додаде дека обвиненијата ќе бидат поднесени пред крајот на месецот, а казната по осуда може да биде до една и пол година затвор и парична казна од 5.000 долари.
Actor Alec Baldwin charged with involuntary manslaughter over fatal shooting of Halyna Hutchins on set of film Rust https://t.co/HLViv1CwIN
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) January 19, 2023
„Во Ново Мексико нема место за филмски сетови кои не ја сфаќаат сериозно посветеноста на нашата држава за безбедноста на оружјето и јавната безбедност“, додаде обвинителката.