Алек Болдвин продолжи да го снима филмот на чие снимање беше убиена режисерката: „Задоволни сме од одлуката“

popara24 април, 20231min00
e3e7735f2329e6e093319c758b478b4c7edf7d9c

Снимањето на вестерн филмот продолжи во петокот во Монтана, само еден ден откако против актерот беа отфрлени обвиненијата за ненамерно убиство во врска со смртта на Халина Хачинс.

Болдвин (65) носел кафено палто, сива кошула, панталони и каубојски чизми, а како дел од костимот повторно држел пиштол.

Продукцијата првично беше прекината откако актерот испука вистински куршум, убивајќи ја 42-годишната режисерка.

Окружното обвинителство на Санта Фе минатиот четврток објави дека се откажува од обвиненијата против Болдвин. Сепак, обвиненијата против Хана Гутиерез-Рид – втората обвинета и одговорна за оружјето на снимањето во моментот на пукањето – сè уште „стојат“.

„Задоволни сме од одлуката да го отфрлиме случајот против Алек Болдвин и да поттикнеме соодветна истрага за фактите и околностите на оваа трагична несреќа“, изјавија адвокатите на актерот во изјава за The Post минатата недела.

Болдвин првично беше осуден на пет години затвор, која подоцна беше намалена на 18 месеци, а потоа беше целосно ослободен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag