Амал Клуни ја заинтригира јавноста откако го кажа „судбоносното да“ на најголемиот холивудски заводник Џорџ Клуни; но не заради титулата „сопруга на недостижниот ерген“, туку за нејзината инспиративна амбиција, интелект, природно впечатлива убавина и беспрекорен стил.
Густата коса, негуваната кожа, виткото тело и стилот со кој вешто експериментира без ниту една грешка, изгледа го фрлија Џорџ во втор план.
Синоќа биле „фатени“ на магично место во Италија, кое го посетуваат секоја година.
Амал носеше долг бел фустан со тесен, но не припиен крој, со суптилен шлиц напред, а нејзината силуета изгледа совршено.
Разбушавената коса изгледаше како да е природно исушена после капење, давајќи му на овој моден изглед вистински летен шмек.
Џорџ, како и секогаш, беше во совршено скроен смокинг.