Знаела дека во Мадрид на конференцијата „We Choose Earth“ сите ќе ја слушаат, но и ќе ја гледаат, поради што 45-годишната Амал Клуни, британска адвокатка со либанско потекло и активист за човекови права, избрала забележителна модна комбинација.
Таа пристигна во шпанската метропола со коса средена во диско локни, облечена во златен, сатенски комбинезон со машна, кој го спои со препознатливите златни потпетици на Џанвито Роси со шпиц. Станува збор за неговиот легендарен модел Plexi, за кој италијанскиот дизајнер на чевли тврди дека е совршен спој на модерност и елеганција.
Петицата и горниот дел на чевелот, имено, се изработени од златна лакирана кожа, а остатокот од проѕирен ПВЦ материјал, а впечатокот го комплетира висока тенка потпетица од 10,5 сантиметри, која визуелно ги издолжува ногата и фигурата.
Својот стајлинг го заокружи со обетки од розово злато и нараквица од Картие, а во својот говор ја истакна важноста на одржливиот развој, ублажувањето на драстичните последици од климатските промени, кои се предуслов за нашата иднина на Земјата, а најголемиот дел од својот говор го посвети на жешката тема на глобалната борба за правда и заштита на човековите права.
Секој што некогаш ги слушал нејзините говори знае дека Амал Клуни е одличен, разработен и многу сугестивен говорник, а тоа е и предуслов за нејзиниот успех како лобист која никогаш не се откажува од своите цели.
Тоа го знае и нејзиниот сопруг Џорџ Клуни, кого неколку пати го одвраќаше да потпишува профитабилни договори со компании кои се поврзани со влади кои ги кршат човековите права, и наместо да се налути што не заработил 35 милиони долари во еден ден преку понуда од неименувана авиокомпанија, 60-годишниот холивудски гигант на крајот и се заблагодари и ја пофали својата сакана. Тоа го може само Амал Клуни.