Амбер Херд го напушти Холивуд: Живее во Шпанија со ќерката

popara7 мај, 20231min00
amber-herd-830x0

Актерката Амбер Херд наводно го напуштила Холивуд и се преселила во Мадрид откако го изгубила судскиот спор со поранешниот партнер Џони Деп, дознава Дејли Мејл.

– Можам да откријам дека Херд го напушти Холивуд и тивко се пресели во Шпанија со нејзината ќерка Уна – пишува во својата статија Алисон Бошоф. Деталите ги добила од пријателката на Амбер.

– Зборува два јазика, англиски и шпански. Таму е среќна, сака да ја одгледа ќерка си подалеку од вревата – додаде таа.

Имено, во јули 2022 година, актерката продаде куќа во долината Јука, Калифорнија за 1,1 милион долари. Оттогаш таа поминува многу време во Шпанија.

Во октомври минатата година Амбер беше фотографирана на плажа во Мајорка, а претходно во детски парк со нејзината ќерка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma