Мет Гала е најпрестижниот моден настан, а таа одлучува кој ќе биде таму
Мет Гала оваа година ќе се одржи во чест на легендарниот дизајнер Карл Лагерфелд на 1-ви мај. Добивањето покана за овој настан е прашање на престиж во светот на славните. Важни се три правила: да сте релевантни и актуелни во светскиот шоубизнис, да ја почитувате темата и да сте на милост и немилост на Ана Винтур, познатата модна уредничка. Сите се прашуваат кој ќе добие покана оваа година, а се поизвесно е кој нема!
Судејќи според странските извештаи, „шефот на парадата“ Ана Винтур решила да го стесни списокот на гости. Според нив, семејството Кардашијан нема да биде покането оваа година. За оние што не се запознаени, Ким Кардашијан дебитираше на Мет Гала во 2013 година и оттогаш е редовна. Во придружба на поранешниот сопруг Канје Вест, новото момче или сестрите и мајка и, таа беше, така да се каже, „постојана поставка“, од година во година. Но, се чини дека на тоа му дојде крајот.
Очигледно, причината зошто ќе се случи оваа промена е критиката на самиот настан. Имено, во последните години Галата е мета на критики поради присуството на различни инфлуенсери, старлети и ријалити ѕвезди.
Не е тешко да се дојде до заклучок дека Винтур, позната по својот силен карактер, сакала оваа година да заобиколи слични критики и повторно да го врати редот на ексклузивност на црвениот тепих на Галата.
Можеби на Ана не и се допаднале минатогодишните наслови поврзани со Кардашијан од споменатиот настан.
Ако погледнеме наназад во 2022 година, во таа прилика Ким го облече легендарниот фустан на Мерлин Монро, кој не само што беше оштетен, туку предизвика и бројни контроверзии изјавувајќи дека гладувала за да „влезе“ во него.