АНЏЕЛИНА НЕ ГО ИСПОЧИТУВАЛА ДОГОВОРОТ Нов пресврт во судењето на актерката и Бред Пит

popara21 јули, 20231min00
Screenshot_6

Холивудскиот актер Бред Пит ја обвини бившата сопруга Анџелина Џоли дека сака да му ја земе винаријата. Бред ја обвини Џоли и нејзината поранешна инвестициска кампања за организирање непријателско превземање на семејното лозје.

 

 

 

Двајцата во 2008 година купија удел во замокот Миравал, на југоистокот на Франција, за 25 милиони евра, каде се венчаа шест години подоцна. Сега за истиот се тужат, а на суд се од 2016 година кога раскинаа.

 

Пит ја обвини дека го продала својот дел на руски олигарх и покрај нивната усна согласност да не го продаваат својот дел без согласност на другиот. Од документите до кои дојде The Blast, Џоли продажбата ја направила тајно, под контрола на рускиот олигарх Јуриј Шетлер.

 

Џоли ги отфрли обвинувањата како несериозни и злонамерни и рече дека Пит ѝ го украл лозјето. Го обвини и дека потрошил милиони долари за реновирање на базенот и студиото за снимање.

 

Компанијата „Нувел“, преку која Џоли претходно имаше удел во француска винарија, пред судот во Калифорнија рече дека Пит со неговите партнери ѝ должат повеќе од 350 милиони долари.

 

Компанијата соопшти дека се ангажирале во сè побезобразни акции за да ја задржат контролата врз Миравал, додека наводно ги заплениле неговите средства. Во обвинението се наведува дека Пит се однесувал како разгалено дете додека се занимавал со флагрантна проневера.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag