
Актерката се појави во комбинација која секоја дама треба да ја има во својот гардеробер кога ќе залади
Анџелина Џоли уживаше во ноќ помината со своите деца. Оскаровката излезе на суши со трите деца во Њујорк.
На Анџелина, која беше облечена во крем палто, и се придружија Пакс (19), Захара (18) и Шајло (17), кои се криеја под качулките на дуксерите.

На семејната вечера недостасуваа 21-годишниот Медокс и 14-годишните близнаци Вивиен и Нокс.
Енџи носеше светло-крем мантил, а под него ѕиркаше црн лелеав фустан. На стапалата имала црни салонки, а како аксесоари црни очила и бела чанта.


Во последно време Џоли е актуелна и поради промената на бојата на косата која многу ја осветли, но и поради правната битка со поранешниот сопруг Бред Пит. Тие се во спор за винаријата Шато Марвел, која ја купија како пар во 2008 година, а таа го продала својот дел без одобрение и знаење на Бред.