Анџелина Џоли се повлекува од Холивуд? Актерката ја шокираше јавноста, во новото интервју призна дека ѝ е доста од сѐ!

popara7 декември, 20231min00
Screenshot_4

Во новото интервју за магазинот „VSJ“, Анџелина Џоли откри дека нејзините шест деца, Медокс (22), Пакс (20), Захара (18), Шајло (17) и 15-годишните близнаци Нокс и Вивиен ѝ се најблиски, бидејќи семејството сѐ уште се опоравува од разводот со актерот Бред Пит.

 

 

 

 

„Тие ми се најблиски, тие ми се блиски пријатели. Ние сме седум многу различни луѓе, што е нашата сила. Моравме да се излечиме. Има работи од кои моравме да се опоравиме”, изјавила Џоли. Додека актерката и нејзините деца продолжуваат по трауматичното раскинување, Анџелина, како што открива, се потпира и на блиска група пријатели.

 

„Јас навистина немам социјален живот. Сфатив дека повеќето од моите најблиски пријатели се бегалци. Има причина зошто луѓето кои поминале низ тешкотии се многу поискрени и многу поповрзани, а јас сум поопуштена со нив. Зошто сакам да поминувам време со луѓе кои преживеале и се бегалци? Затоа што се соочиле со толку многу во животот што носи не само сила, туку и човечност“, рекла познатата хуманитарка, истакнувајќи дека моментално не излегува со мажи.

 

Џоли поднесе барање за развод од Пит во 2016 година, набргу откако тој беше обвинет за злоупотреба на ѕвездата и нивните две деца во приватен авион. Минатиот месец неговата постара ќерка Захара навести дека не е во добри односи со ѕвездата од „Вавилон“ со отстранувањето на „Пит“ од нејзиното презиме. Синот на Пит, Пакс, како што веќе е сосема јасно , го презира Пит од дното на душата.

 

Џоли за магазинот „VSJ“ изјавила дека нејзиниот развод ѝ го направил речиси невозможно напуштањето на Лос Анџелес, каде што е родена, пораснала и моментално живее, исто како и Пит.

 

“Тоа е дел од она што се случи по мојот развод. Ја изгубив способноста да живеам и да патувам слободно како порано. Ќе се преселам кога ќе можам”, рече таа, надевајќи се дека ќе помине повеќе време во нејзиниот дом во Камбоџа.

 

“Пораснав на прилично плитко место. Холивуд не е здраво место”, рекла актерката. Како што заклучува Дејли Мејл од ова интервју, 48-годишната Анџелина Џоли со тоа посочила дека сака засекогаш да престане да глуми. Родителите на Анџелина, Џон Војт и Марселин Бертранд, беа и самите актери. Бидејќи, вели таа, пораснала со Холивуд, никогаш не била импресионирана од тоа.

 

„Никогаш не мислев дека тоа е значајно или важно“, изјавила таа, признавајќи дека доколку денес започне одново, веројатно нема да го избере актерството за своја професија, поради очекувањето да сподели интимни детали од нејзиниот живот, што се подразбира кога си позната личност.

 

„Кога почнав, не очекував сѐ да биде толку јавно“, објаснила Џоли.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma