Актерката повеќе не е бринета!
Актерката реши да воведе големи промени пред летото. Таа значително ја осветли косата во однос на пред неколку месеци, па сега дефинитивно стана русокоса.
Таа се појави на настан на кој го промовираше својот нов бренд „Atelier Jolie“ како дел од брендот „Chloe“. Носеше црн тесен топ фустан, кој уште повеќе ја истакна нејзината фризура. Забележливо е дека ја скратила косата, а со минилана шминка и кармин во нијанса на праска уште повеќе се истакнува нејзините руси прамени.
Да се потсетиме, Анџелина носеше руса коса во 90-тите, а потоа во годините што следеа негуваше кафени нијанси и не отстапуваше од класичниот изглед.
Во текот на оваа пролет многу дами ги осветлија прамените, а русата коса моментално е еден од најголемите трендови.