Една од најубавите актерки Анџелина Џоли (47) и Пол Мескал (26), кој е ѕвезда на серијата „Normal People“, беа фатени заедно во кафуле како пијат кафе по неговата изведба на „A Streetcar named Desire“.
– Веднаш откако раскина со својата девојка – коментира еден твитерџија.
По одредено време им се придружила нејзината ќерка Шајло (16) која филмската ѕвезда ја има со поранешниот сопруг и актер Бред Пит.
Мескал неодамна раскина со свршеницата Фиби Бриџерс, која ги поттикна гласините за романса со комичарот Бо Барнам по неколку дена кога тие изгледаа многу блиски во еден момент.
Angelina Jolie and her daughter Shiloh went out for a coffee with Paul Mescal after seeing his play “A Streetcar Named Desire” at Almeida Theatre.
December 29, 2022. pic.twitter.com/ojudnrtGc0
— best of angelina jolie (@bestofajolie) December 30, 2022
Поранешниот пар, Бриџерс и Мескал, минатата година ги поттикнаа гласините за свршувачка, а врската официјално ја потврдија преку Инстаграм објавувајќи заедничка интимна фотографија.
Кога станува збор за Анџелина и Пол, никој не може со сигурност да каже дека се заедно, но секако е чудно што воопшто излегле заедно.