Аријана Гранде конечно фатена со новото момче: Не и е гајле што уште е оженет, се шетаат прегрнати и заљубени

popara29 јули, 20231min00
60230_shutterstock-1252263544_f

Додека мислеа дека никој не ги гледа за време на нејзиниот 30-ти роденден, популарната пејачка и нејзиното ново момче беа навистина опуштени.

Светските медиуми неодамна објавија дека пејачката Аријана Гранде од неодамна се гледа со американскиот актер Итан Слејтер, кој се уште е официјално оженет.

Актерот кој со поп-ѕвездата игра во филмот „Wicked“ пред само неколку дена поднесе барање за развод од сопругата Лили Џеј, со која е во врска од средно училиште, а неодамна доби и син.

Сепак, долго пред тоа тој уживаше во љубовта со пејачката, а сега се појавија и нивните фотографии од неодамнешната роденденска забава на Аријана.

Како што пишува Дејли Мејл, пејачката го прославила својот 30-ти роденден во Велика Британија, во селско опкружување, но на многу луксузен начин – во одморалиштето „Soho Farmhouse“, за кое е потребно да одвоите 500 долари за ноќевање.

Итан Слејтер и Аријана Гранде беа фотографирани од зад грб како се гушкаат, додека таа стои меѓу нејзиното момче и непознат маж. Една жена која ги забележала на одморот, изјавила дека го забележала парот за време на појадокот кога сакале да го фотографираат јајцето што келнерката го истурила, а пејачката искоментирала дека „изгледа слатко“.

Се се случило три недели пред да се открие дека актерот и Аријана се во врска и пред да се открие дека таа се разведува од сопругот Далтон Гомез.

Медиумите објавија дека сопругата на Слејтер дознала дека Итан ја напушта само неколку дена пред јавноста да слушне за неговата врска со пејачката и дека сè се случило одненадеж.

– Итан дојде кај Лили неколку дена пред да се објави веста за него и Аријана и и кажа дека сака развод. Таа не го ни насетуваше тоа – вели анонимен извор за „Us Weekly“.

Друг извор изјави за „TMZ“ дека Лили Џеј е „очајна затоа што нејзиното семејство се распаѓа“ и дека таа се чувствува како Слејтер да го „напуштил семејството“ и дека нејзиниот син нема да ги има двајцата родители постојано со него.

Двојката наводно не се разделува во добри односи бидејќи таа чувствува дека актерот „му свртел грб на своето семејство“ за да биде со музичката ѕвезда.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma