Арнолд Шварценегер едвај се извлекол по рутинска операција: „Случајно ми го пробија срцето“

popara6 септември, 20234min00
o_30331501_1280

Во видеото кое го објави на својот канал на Јутјуб на крајот на минатиот месец, Арнолд Шварценегер се присети на рутинската операција на срцето која за малку ќе го чинеше живот. Имено, на актерот и поранешниот гувернер на Калифорнија за време на операцијата по грешка му бил прободен ѕидот на срцето, што предизвикало внатрешно крварење.

Операцијата на која се подложи неколку месеци пред почетокот на снимањето на „Terminator: Dark Fate“ требало да биде рутина, но поради лекарска грешка речиси беше фатална за актерот кој на крајот мораше да направи операција на отворено срце за да се сопре крварењето. „Бев навистина избезумен. Реков: „Одлично. Ова е навистина одлична вест“, се сеќава Шварценегер. Сепак, и покрај првичниот шок, тој решил да се фокусира на закрепнувањето. „Бев среде катастрофа. И сега како да се извлечам од неа? Треба да се собереш, да ја смениш брзината и да кажеш: Добро, што треба да направам за да излезам од оваа болница“, рече Терминаторот, кој го документираше процесот на закрепнување. Така, се појавија неговите видеа додека тој полека шета низ болницата со семејството и пријателите кои го бодрат. „Изгледав како идиот кој се шета по ходниците, но поентата беше да се движам бидејќи лекарите ми рекоа дека морам да ги вежбам белите дробови за да не добијам пневмонија од која би можел да умрам“, рече тој.

Дел од неговата мотивација за опоравување беше и снимањето на „Терминатор“ што бара од него да биде во топ форма. „Три месеци подоцна го снимав Терминатор 6, па морав да бидам фит. Морав да се движам, да трчам, да кревам работи, да снимам сцени со борби“. За среќа, упорноста, позитивниот став и поддршката му помогнаа да ја постигне целта и да се опорави до почетокот на снимањето, а тој сè уште може да вежба редовно како порано, бидејќи, како што рече во интервјуто за The Hollywood Reporter, планира да живее вечно. “Се уште вежбам секој ден, возам велосипед секој ден и снимам филмови – шоу-бизнисот е уште еден дел од мојот живот. Сакам се што правам. Нема пензија”, рекол 76-годишниот Шварценегер.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag