За прв пат во својата легендарна кариера која трае повеќе од 60 години, Арнолд Шварценегер глуми во ТВ серија наречена „Fubar“, пишува Дејли Мејл.
Нетфликс го објави првиот трејлер за „Fubar“, кој го следи 75-годишниот актер како Лук Брунер, таен оперативец кој се ближи до времето за пензионирање.
Неговиот таинствен свет е превртен наопаку кога дознава дека и неговата ќерка Ема (Моника Барбаро) работи како таен агент.
Лук мора да го одложи своето пензионирање за да ја спаси својата ќерка во неговата последна работа како таен агент.
Во новата серија од осум епизоди играат и Милан Картер, Форчун Фајмстер, Тревис Ван Винкл, Џеј Баручел, Енди Бакли, Апарна Брил, Барбара Ив Харис, Фабијана Уденио и Габриел Луна. „Fubar“ дебитира на Netflix на 25 мај.
Погледнете го трејлерот: