За помалку од 15 минути можете да го направите ова едноставно пире од грашок кое одлично ќе се комбинира со тостиран леб како намаз и како прилог со печено или пржено месо.
Тајната за совршен вкус е малку лимон и малку нане, затоа не ги прескокнувајте и не обидувајте се да ги замените со други состојки. Пирето ќе биде уште подобро ако остане во фрижидер неколку часа.
Рецептот се сведува на „ставете сè во блендерот и притиснете го копчето“, а уживањето во совршено измешаните ароми ќе биде обратно пропорционално на обемот на работа. Ваквите рецепти најмногу ги сакаме!
Состојки:
300 гр свеж или замрзнат грашок
25 гр падано или пекорино сирење
1 ½ лажичка сол
½ чешне лук, грубо сецкано
½ грст свежо нане
3 супени лажици екстра девствено маслиново масло
2 супени лажици сок од лимон
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте ги во грубо пире. Не претерувајте бидејќи смесата треба да биде кремаста, но сепак со малку текстура.
По желба додадете уште лимон, сол и сирење.
Послужете како намаз или ладен прилог.