Астролозите предупредуваат на опасни датуми во ноември: Најпогодени ќе бидат браковите и парите, а доспеваат и долговите

popara28 октомври, 20231min00
Screenshot_1

Астрологијата ги открива двата најопасни датуми во ноември 2022 година.

 

 

 

Кон крајот на есента се очекуваат три опасни периоди и според астролозите, тогаш најдобро е да не носите важни одлуки.

 

По затемнувањето на Месечината во Бик на 8 ноември, кое донесе големи пресврти и драматични промени, нè очекуваат уште два датума на кои треба да обрнеме внимание.

 

Има два клучни датума кога е најважно да се биде дополнително внимателен. 16 и 21 ноември се датумите кои може целосно да ви го свртат животот, а во продолжение прочитајте кои полиња ќе бидат најмногу погодени:

 

16 ноември – Венера влегува во Стрелец

Венера влегува во Стрелец на 16 ноември и токму тогаш ќе бидеме најмногу склони кон ризик. Ќе бидеме авантуристи, а освен тоа овој датум е особено опасен за секој кој сака да донесе важна одлука на полето на финансиите. Венера ќе натера многумина да престанат да се грижат за безбедносните мерки кога се во прашање големите набавки, а несоодветен пристап ќе биде забележан и на полето на здравјето. Ова е најлошиот ден за екстремни спортови. На овој ден се препорачува да не пиете алкохол или да земате лекови без совет од лекар.

 

21 ноември – Меркур во конјункција со Венера

Меркур и Венера во конјункција создаваат многу моќно влијание на негативната енергија. Ова ќе биде период кога мислите за одмазда ќе почнат да влегуваат во главите на многу луѓе. Обидете се да не се сеќавате на старите ситуации доколку не сакате да си го расипете расположението или да оставите лош впечаток на вашите најблиски. Не зборувајте за тоа што се случило порано. Обидете се да се фокусирате на нешто позитивно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma