Ако сакате јаболка, тогаш со ова овошје можете да направите вкусен десерт и ќе имате уживање кое одлично оди со кафе.
Состојки:
1 големо јаболко
1 лажица брашно
1 јајце
3 лажици јогурт
1/2 лажичка прашок за пециво
малку цимет
1 ванилин шеќер
Подготовка:
Изрендајте едно јаболко, додадете шеќер ако сакате, додадете 1 ванилин шеќер, малку цимет.
Посебно изматете го јајцето со жица, додадете го јогуртот, брашното и прашокот за пециво. Соединете ги јаболката и јајцата.
Вадете со лажица, обликувајте по желба и пржете на многу малку масло да се заруменат убаво од двете страни. Посипете со ванилин шеќер.