Направете го овој старински колач од кајсии и ќе имате совршено задоволство за вашите гости.
Состојки:
2 јајца
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
100 гр младо сирење
50 мл јогурт
кора од лимон
120 грама брашно
1/2 прашок за пециво
250 гр кајсии
шеќер во прав со кокос за посипување
Подготовка:
Јајцата се матат со прашокот за пециво, се додаваат брашното, маслото, младото сирење, јогуртот, кората од лимон.
Полека измешајте сè. Со хартија за печење обложете помала тава, па размачкајте го тестото и наредете ги половините од кајсии.
Печете на 200 степени 40 минути додека убаво порумени.
Посипете шеќер во прав измешан со кокосово брашно.
Уживајте!