БАБИН РЕЦЕПТ за најдобриот МИНИ КУГЛОФ: Се топи во устата и изгледа неверојатно декоративно

popara20 мај, 20231min00
676

Мора да го пробате рецептот за најдобриот куглоф бидејќи има навистина неодолив вкус, а за да го направите воопшто не ви треба многу време.

Состојки:

3 јајца

100 гр шеќер

100 мл масло

100 мл млеко

100 грама брашно

50 гр гриз

кора од лимон

200 гр вишни

1/2 прашок за пециво

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги маслото, млекото, брашното и гризот со просеаниот прашок за печиво, кората од лимон и сето тоа убаво измешајте го. Истурете во калапи за мафини, а во средината ставете вишни или некое друго овошје.

Печете на 200 степени ℃ 35-40 минути. Извадете ги од калапот кога ќе се изладат. Посипете со шеќер во прав.

Пријатно!