Регенераторот не само што ја штити косата од сушење, туку е моќна алатка за спасување на мебелот и гардеробата
Иако регенераторот за коса повеќето жени го користат за опоравување и полесно чешлање после миење, овој производ може да се класифицира како повеќенаменски.
Благодарение на состојките, регенераторот за коса може да се користи наместо средство за одржување на кожен мебел, а исто така е спасоносно решение доколку вашиот омилен џемпер се смалил, пренесува „Newsbeast“.
Погоден е и ако не сакате да ја пеглате постелнината или завесите.
- Заштита на кожната гарнитура
Наместо да нанесете заштитна крема, која треба енергично да се втрие, кожниот мебел можете да го изгланцате со памучна крпа на која сте нанеле регенератор за коса. Состојките од балсамот ќе ја нахранат кожата, ќе и обезбедат сјај и убав мирис.
Во исто време, ако вашиот кожен мебел е поставен на таков начин што е изложен на сончеви зраци во поголемиот дел од денот, регенераторот за коса ќе ја заштити кожата од осветлување.
- Вратете го смалениот џемпер
На многу луѓе им се случило омилениот џемпер да им се смали при перење и практично да стане неупотреблив. Но, регенераторот за коса може да помогне и во оваа ситуација.
Истурете вода во леген, додадете две големи лажици регенератор за коса, промешајте, па спуштете го смалениот џемпер и оставете го да откисне половина час. После тоа време, извадете го џемперот од легенот, ставете го на голема чиста крпа и преклопете го од сите страни, така што пешкирот ќе го впие вишокот вода од џемперот.
Потоа раширете го џемперот преку друг пешкир и нежно развлечете го до првобитната големина. Оставете го така да се исуши.
- Спреј наместо пеглање
Ако ве мрзи да пеглате постелнина или завеси, регенераторот за коса може да ви помогне и овде.
Во шише со распрскувач истурете една лажичка регенератор, една лажица обичен кујнски оцет и 350 милилитри топла вода. Затворете го шишето, добро протресете ја содржината, а потоа испрскајте ја добиената течност на работи кои не би сакале да ги пеглате.
Кога ќе ги испрскате, обидете се со рацете да измазните што повеќе набори, а потоа оставете ги да се исушат.