Бананата во служба на убавината: Направете маска за затегнување на кожата

popara5 август, 20231min00
shutterstock566890345-830x0

Бананата е едно од омилените овошја на многу луѓе, а нејзината употреба е нашироко застапена во козметиката.

Често може да се види како составен дел на маските за лице, лосиони и креми за нега на кожа во аптеките. А дали знаевте дека со помош на маска од банана можете да изгледате неколку години помлади?

Ви пренесуваме испробан рецепт за маска за лице од банана која ќе ги направи брчките помазни, а вашето лице блескаво, освежено и тонирано.

Состојки:

1/2 зрела банана
1/2 лажица мед
2 капки масло од лаванда

Подготовка:

Во сад изгмечете половина зрела банана со вилушка, додадете мед и добро измешајте. Потоа додадете го маслото од лаванда и матете со лажица уште неколку минути за добро да се соединат состојките.

Добиената маска нанесете ја на целото лице, освен пределот околу очите и оставете да делува 10 минути. Измијте го лицето со млака вода, а потоа нанесете ја вообичаената крема за нега.

Оваа маска можете да ја користите до три пати неделно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag