БАНАНА ЛЕБ: Совршен вкус, идеален за доручек и ужина, а се прави многу лесно

popara26 декември, 20231min00
71974_shutterstock-403751038-smanjena_f

Потребно е:

1 чаша шеќер
1/2 чаша омекнат путер
2 јајца
3 зрели банани
2,5 чаши брашно
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка прашок за пециво
1/2 чаша млеко
1/2 чаша сецкани ореви

Подготовка:

Со миксер изматете ги шеќерот и путерот. Потоа додадете ги јајцата, испасираните банани, млекото и екстрактот од ванила. Сè добро изматете, па истурете ги брашното и прашокот за пециво. Матете додека смесата не стане компактна. Додадете ги оревите и целата смеса истурете ја во тава. Лебот се пече околу четириесет минути во загреана рерна на 180 степени додека не порумени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma