Популарната Барби имаше најразлични фризури, а оваа со виткана коса, можете да ја направите сами.
Откако беше откриено дека наскоро ќе се прикажува филмот „Барби“, базиран секако на познатата кукла, која ја имаа многу девојчиња ширум светот, некако почна „залуденоста“ по нејзините фризури.
Една инфлуенсерка, Ерин, веќе почна да објавува серија за тоа како да креирате некои од најинтересните Барби фризури.
Како што вели, иако Барби никогаш официјално не се омажила за Кен, постоеја многу нејзини верзии во разни венчаници, со свечени фризури.
Ерин покажа како се прави една од нив, за која буквално е потребно само ластиче за коса и неколку шноли.
Подигнете ја косата нагоре во опавче, но еден преден дел оставете да виси надолу. Потоа поделете го предниот дел, па завртете и закачете со шноли, а истото ќе го направите и со репчето.
Знаеме дека во овој случај сликата зборува погласно од зборовите, па затоа ви предлагаме да го погледнете видеото ТУКА за да видите како сами да ја направите оваа фризура.
Дали ви се допаѓа?