Шпанската кралица Летиција изгледаше неверојатно во црн фустан од „The 2nd Skin“. Таа го носеше гламурозниот црн фустан со волуменозна коса на премиерата на претставата „Медеја“ од Луиџи Черубини, со која беше отворена новата театарска сезона во Кралскиот театар во Мадрид.
Летиција од глава до пети потсетуваше на дивите од златното доба на Холивуд, особено на актерката Одри Хепберн, која го носеше речиси истиот модел во филмот „Сабрина“. Сличен фустан како нејзиниот, кој беше винтиџ фустан на Диор од 1959 година, носеше Бела Хадид во 2022 година. Косата ја обликуваше во светли локни, а за шминката избра бронзена сенка за очи, nude кармин и светло руменило.
Но, ова не е прв пат Летиција да го носи овој фустан – таа го носеше на доделувањето на наградите на принцезата од Астуриас во Овиедо во октомври 2021 година. Исто така фустанот го носеше додека беше домаќин на раскошна вечера за лидерите на светот кои учествуваа на самитот на НАТО во Мадрид, заедно со специјалните гости Џо и Џил Бајден.