БЕЗБЕДНИ СЕ ЗА ЈАДЕЊЕ! Можете да ги консумирате овие намирници, дури и ако се појавила мувла!

popara22 април, 20231min00
674772_budjav-hlepcic_f

Експертите посочуваат дека џемовите, мармаладите и уште неколку намирници може да се јадат откако ќе се отстрани мувлата од нив.

Во зависност од тоа за која храна се работи, мувлата може да биде повеќе или помалку штетна.

И додека во некои случаи не се препорачува да се отстрани и да се продолжи со јадење, експертите посочуваат дека одредени намирници сепак може да бидат безбедни за консумирање.

Значи, која намирница која била во контакт со мувла е безбедна за јадење?

  1. Џемови и мармалади

Во ред е да се отстрани мувлата од џемовите и мармаладите и да се јаде она што е одоздола.

– Имаат многу шеќер, кој е конзерванс – изјави експертот за безбедност на храна Силвија Андерсон.

Меѓутоа, ако не сте сигурни или ако џемот има дебел слој мувла, најдобро е да го фрлите во корпата за отпадоци.

  1. Цврсто овошје и зеленчук

Цврстото овошје и зеленчук со мали дамки од нејасна мувла обично може да се спасат, но не ставајте нож во мувлата, во случај на вкрстена контаминација, изјави експерт за „Инсајдер“.

Избегнувајте овошје и зеленчук кои се лигави, ова е сигнал за присуство на бактерии кои можат да предизвикаат труење со храна или болки во стомакот.

  1. Тврдо сирење

Сувите сирења, како што е чедарот, добро се спротивставуваат на мувлата бидејќи не ги обезбедуваат влажните услови што ѝ се потребни за да напредува.

– Ако најдете колонии на мувла на тврдото сирење, кои се помали од 5 мм, отстранете најмалку 10 мм од сите страни пред јадење – изјави експертот за мувла д-р Патрик Хики за „BBC“.

Тоа е сосема друга приказна за меките сирења или какво било сирење што може да се намачка или да рони.

Поголемата содржина на вода во ова сирење значи дека микробите брзо растат, што може да доведе до салмонела и листериоза ако се јаде.

Освен ако мувлата е намерно создадена, како на пример во синото сирење, пренесува „TheSun“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma