Без брашно, масло и додатен шеќер, а ТОЛКУ СОЧЕН: Најбрзиот чоколаден колач од само три состојки

popara30 јули, 20231min00
368276_cokoladnikolacshutterstock-1452872714_ff

Доколку барате рецепт за наједноставната и најсочната чоколадна торта за која не се потребни многу пари, умешност и време за подготовка, вие сте на вистинското место!

Имаме совршен рецепт за сите љубители на чоколадо. Не ви треба многу време или вештина, а камоли состојки: ви требаат само три.

Резултатот е фина чоколадна торта која се топи во устата…

Состојки:

175 гр темно чоколадо
7 јајца
140 гр путер

Подготовка:

Чоколадото растопете го на пареа. Кон крајот додадете го путерот (кој претходно сте го исечкале на коцки). Мешајте додека целосно не се стопи и соедини.

Одделете ги белките од жолчките; Изматете ги жолчките и во нив додајте ја смесата со чоколадо и путер, нежно мешајќи.

Се матат белките и се додаваат лажица по лажица и нежно се меша.

Кога ќе добиете соединета смеса, истурете ја во калап кој сте го намачкале со путер и во него ставете хартија за печење. Покријте со фолија.

Калапот се става во поголем калап, половина наполнет со топла вода.

Печете 25 минути во рерна загреана на 150 степени. Колачот е готов кога ќе омекне во средината и ќе има крцкава кора однадвор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag