Доколку сакате да се засладите со нешто здраво, но немате премногу време за подготовка, овие извонредни брауни коцки се вистинското решение. Не се печени, не содржат глутен, а погодни се и за вегани.
Состојки за приближно 15 коцки:
300 гр урми
300 гр ореви
9 лажици какао во прав
2 лажици екстракт од ванила
50 мл јаворов сируп или мед
2 лажици кокосово масло
2 лажици вода
прстофат сол
Подготовка:
Урмите и оревите сомелете ги во блендер, додадете шест лажици какао, една и пол лажица екстракт од ванила, две лажици вода и малку сол. Блендирајте ја смесата додека не почнат да се одвојуваат од страните на блендерот. Потоа правилно притиснете ја смесата во калапот.
Во сад измешајте го преостанатиот екстракт од ванила и какао со две лажици кокосово масло и јаворов сируп. Добро измешајте додека не исчезнат сите грутки, па прелијте го врз колачот. Оставете го да се излади околу два часа пред да го послужите. По желба украсете со овошје и сечкани ореви, лешници или бадеми.
Добар апетит!
Плус совет:
Вака направените коцки можете да ги чувате во фрижидер до две недели. Ако ги ставите во замрзнувач, ќе траат до два месеци.