Без оштетувања: Најдобар начин за отстранување на гел-лакот дома

popara26 април, 20231min00
532250_shutterstock-1815785825_f

Пробајте

Следете ги овие чекори и по само неколку минути, гелот ќе се отстрани, а ноктите и понатаму ќе бидат здрави.

Иако лупењето на тврдоглавиот гел звучи како добра опција за почеток, ова може да ги оштети вашите нокти. Кога го отстранувате гелот на овој начин, заедно со гелот го отстранувате и површинскиот слој на ноктите, што ги прави кршливи и слаби. Ова дополнително доведува до појава на бели дамки и нерамномерност во текстурата на ноктите.

Земете турпија за успешно отстранување на првиот заштитен слој што е над гелот. Откако ќе го отстраните, подготвени сте за понатамошно отстранување.

За да го омекнете гелот, користете ацетон – можете да користите и отстранувач на лак со ацетон, но процесот ќе трае подолго. Натопете памучна вата или памучни тупфери и ставете ги на секој нокт, а потоа завиткајте ги во алуминиумска фолија (заедно со ноктот). На овој начин, ноктот ќе впие доволно ацетон, а по 15 минути гелот треба целосно да омекне.

Ако ви се брза, обидете се да најдете во аптека средство за отстранување на гел (или траен лак), кој содржи и ацетон и балсам за нокти, кои ќе го отстранат гелот и истовремено ќе ги нахранат ноктите.

Откако ќе ја извадите фолијата од ноктите, земете го дрвеното стапче што се користи за кутикулите на ноктите и нежно излупете го гелот. Ако имате проблеми и гелот не се отстранува, држете го памукот уште најмалку 5 минути и обидете се повторно.

Вашите нокти и кутикулите ќе изгледаат суво по отстранувањето на гелот – измијте ги рацете по овој процес и нанесете хидратантно масло на ноктите и кутикулите. На овој начин ќе ги рехидрирате ноктите по употребата на ацетон и ќе ги зацврстите.

Отстранувањето на гел маникирот може да биде грубо за вашите нокти, но ако го направите правилно, тие ќе останат здрави и силни, како и подготвени за следниот маникир.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma