Нема граници кога е модата во прашање
Кога станува збор за модата, некои работи се менуваат, додека некои остануваат вечни класици. Едно парче облека кое никогаш нема да излезе од мода е дефинитивно белата кошула.
Ова парче можете да го носите апсолутно во сите прилики, без разлика дали се свечени или класични, со фармерки, панталони, здолништа …
Сепак, иако е класика, не значи дека не можете да го носите на поинаков начин.
Една девојка, од социјалната мрежа Инстаграм, покажа сосема нов начин на кој можете да носите кошула. Треба да ја ставите кошулата наопаку, да ја превртите преку глава и потоа да ја закопчате.