Бела Хадид ја отвори пролетната сезона: Облече романтичен црвен фустан и елегантни сандали со врвки!

popara21 март, 20231min00
bella-hadid-1-830x0 (1)

Пролетта чука на врата, време е за лелеави здолништа, фустани во нежни тонови и сандали (дами, не заборавајте на педикирот).

Супермоделот Бела Хадид често го менува својот изглед, од фризура до стил на облекување, но сакаме да ја гледаме во комбинации кои ја истакнуваат нејзината витка, женствена фигура и убаво лице.

На синоќешниот престижен настан во Лас Вегас таа се појави во долг црвен фустан до глуждовите, кој одлично го истакна секој дел од нејзиното тело, а елегантната нота ја додадоа нежните карнери на крајот од здолништето, долгите, широки ракави и голема тока на половината.

Косата ја врати во природната нијанса – чоколадно темно кафена, а за оваа прилика направи локни, какви што не ги гледаме често кај моделите.

Нејзината шминка беше засилена, која исто така малку „отскокнува“ во однос на стилот на Бела, но совршено изработените контури, „зачадените“ очи и кармин во темно розова боја – одлично и прилегнаа.

Но, она што најмногу привлече внимание беа црните, едноставни сандали со врвка, со кои таа официјално ја отвори пролетната сезона.

Манекенката реди кампања по кампања, па не е чудно што веќе две години е на тронот на најплатениот супермодел, а неодамна лансираше и сопствен бренд на безалкохолни енергетски пијалоци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag