
Најлесниот трик кој ќе ја врати белината на патиките
Обожаваме да носиме бели патики во сите сезони бидејќи одлично стојат и одат со речиси сите модни трендови. Она што помалку ни се допаѓа е нивното одржување и чистење бидејќи многу брзо се валкаат, а воопшто не изгледаат добро ако на нив има траги од кал и прашина.
За да им олесни на нејзините следбеници да ги исчистат белите патики, познатата Шантал Мила го откри најлесниот трик кој ќе им ја врати сета претходна белина.
За пастата за чистење бели патики потребни се само неколку состојки, и тоа:
2 лажици сода бикарбона
2 лажици детергент за миење садови
1 лажица паста за заби
Нанесете на патиките со четка и оставете да отстои 10 минути. Потоа ставете ги патиките во машината за перење и измијте ги на нежен циклус.
Оставете да се исушат на воздух, но не на директна сончева светлина.
Патиките ќе бидат блескаво чисти како да се само што купени.
Ако вашите патики не смеат да се перат во машина, можете да ја нанесете пастата на нив и потоа да ја отстраните со крпа од микрофибер. Шантел исто така советува прво да направите тест на помал дел од патиката, по можност внатре, и да видите дали оваа паста за чистење нема да ги оштети вашите чевли.