Тие издадоа два албума, „Our Little Visionary“ од 1996 година и „Happy Ending“ од 2000 година, пред да ја распуштат групата во 2002 година.
Гранџ рок бендот на Кијану Ривс, „Dogstar“, повторно ќе се обедини за нивниот прв настап во живо по повеќе од две децении на фестивалот „BottleRock Napa Valley“ во 2023 година.
Претходно овој месец, групата, која ја сочинуваат Ривс, Брет Домроус и Роб Мејлхаус, изјавија дека се подготвуваат да објават своја нова музика по 23 години.
Тие издадоа два албума, „Our Little Visionary“ од 1996 година и „Happy Ending“ од 2000 година, пред да ја распуштат групата во 2002 година. Ривс свиреше бас гитара во бендот и интересот за нив растеше во исто време кога неговата актерска кариера одеше на нагорна траекторија. Оттогаш, преку нивната страница на Инстаграм открија дека е на пат нов албум.
Бендот на Ривс сега ќе настапи во сабота, на 27-ми мај на тридневниот фестивал, кој ќе се одржи од 26-ти до 28-ми мај во долината Напа во Калифорнија, на кој ќе настапат и „Red Hot Chili Peppers“, Поуст Малоун, Лизо, Лил Нас Икс и други, пишува „NME“.