Беше моден детаљ на Брижит Бардо, а сега секоја трендсетерка ја посакува: Култната чанта од 1969-та година го окупираше модниот трон и во 2023-та година.

popara30 јули, 20231min00
60228_shutterstock-1177189630_f

Чантата потпишана од Пако Рабан беше хит во 1969 година, а сега повторно е на листата на модни желби на трендсетерките

Познатата инфлуенсерка Емили Ратајковски секогаш има феноменални модни идеи.

Не е реткост да парчето кое ќе го понесе Емили стане голем моден тренд, а во последно време многу често ја гледаме со истиот додаток.

Тоа е чанта што таа сака да ја носи, но не било каква чанта, туку култен модел од 1969-та година.

Станува збор за модел потпишан од Пако Рабан, а Емили веќе работеше на неговата кампања за парфемот „Pure XS“ и во многу наврати на црвениот тепих носеше облека со овој потпис.

Сепак, се чини дека оваа иконска чанта толку многу и се допаѓа што не ја испушта, па ја носеше на роденден со стајлинг на Долче и Габана, а потоа повторно неколку недели подоцна, а активно ја носеше и во 2022-ра година.

Цената на оваа чанта, е 975 долари, а се чини дека вреди секој цент.

Тоа навистина не е изненадувачки кога ќе ја земете предвид историјата на оваа чанта.

И Франсоа Харди и Брижит Бардо уште одамна се фотографирани со овој моден додаток, а оттогаш неговата популарност вртоглаво порасна.

Поради тоа што е „светкава“ и со неверојатно ефективни детали во вид на метални синџири, совршена е за „подигнување“ на секаков стајлинг, а одолева и на тестот на времето.

Секако, ова е модел во кој вреди да се инвестира.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag