Познатата убавица Карла Бруни последните години поретко се појавува во јавноста.
Последен пат ја видовме пред неколку месеци на филмскиот фестивал во Кан, каде што се истакна во краток сребрен фустан со наметка. Иако наполни 55 години, изгледаше како божица, а во преден план беа нејзината витка фигура и долгите нозе.
Иако своевремено беше во светските таблоиди за претерување со ботоксот и филерите, во Кан беше очигледно дека се одлучила за поприроден изглед и е многу помалку „боцкана“.
Карла во последните години живее во изолација со својот сопруг, поранешниот француски претседател Никола Саркози.
Својата енергија ја насочила кон создавање музика и редовно објавува нови синглови, но и на приватниот вински бизнис што го започнала со сопругот.
Покрај убавината, Карла секогаш го привлекуваше вниманието на јавноста и со својата животна приказна. Нејзината бурна младост често се вели дека не е изненадувачка, бидејќи нејзината мајка била од иста природа.
Пред 15 години Карла изјави за Vanity Fair дека е родена како резултат на вонбрачната врска на нејзината мајка. Кога имала 29 години, манекенката дознала дека човекот што цел живот го сметала за татко, всушност не е нејзин биолошки татко. Тоа се случило во 1996 година, а Алберто, кој бил во брак со нејзината мајка од 1959 година до неговата смрт, и ја признал вистината на Карла на смртната постела. Така манекенката дознала дека таа е плод на љубовта на нејзината мајка и бразилскиот магнат Маурицио Ремерт.
Маурицио тогаш имал 19 години, а мајката на Карла 36. Тие се запознале додека играле заедно во квинтет и нивната романса траела шест години.
Откако ја кажал вистината на Карла, Алберто ја молел да не и кажува на мајка и, но таа потоа се соочила со неа за годините на лажење.
Поради она низ што поминала со нејзината мајка, многумина ја осудија Карла кога имала афера со Рафаел Ентовен.
Имено, по врската со Жан Пол Ентовен, манекенката стапила во врска со неговиот син со кој била во врска девет години. Покрај тоа, заедно станаа родители, па таа всушност му родила внуче на бившиот.
По љубовниот крах, ја поврзуваа со бројни познати и славни мажи, се додека во 2007 година не го запозна Саркози и фатално се заљуби. Бракот се уште трае, а не ги раздели ниту тоа што е осуден на три години затвор за корупција и злоупотреба на влијание.