Дру Баримор имаше долга битка со алкохолот
Холивудската актерка Дру Баримор никогаш не криела дека помина низ тежок период по разводот со актерот Вил Копелман во 2016 година.
– Алкохолот ми беше константа. Не можев да се сменам. Бев слаба и не можев да го направам она што е најдобро за мене – изјави таа во поранешно интервју за „Page Six“. По долга борба со себе, актерката „пресекла“ и отишла на терапија.
Нејзините проблеми со алкохолот биле тешки не само за неа, туку и за нејзините најблиски, вклучувајќи ја и Камерон Дијаз, која е нејзина најдобра пријателка долги години. Пријателството меѓу двете актерки започнало кога тогаш 14-годишната Баримор работела во кафуле кое го посетила Дијаз.
Камерон Дијаз вели дека битката на најдобрата пријателка Дру Баримор со алкохолот била „тешка за гледање“.
– Но знаев дека ако сите останеме со неа и ѝ ја дадеме потребната поддршка, таа ќе го најде својот пат – изјавила Камерон Дијаз за Дру за „Лос Анџелес Тајмс“.
Баримор рече дека и покрај помошта на нејзините пријатели, пресврт дошол кога и било понудено да ја работи емисијата „Шоуто на Дру Баримор“ во 2019 година.
Актерката има две деца, Олив (10) и Френки (8) со поранешниот сопруг Вил Копелман.