БЕШЕ УБАВА КАКО АНГЕЛ, А ДЕНЕС Е НЕПРЕПОЗНАТЛИВА: Вака изгледа по бројните корекции (ФОТО)

popara9 мај, 20231min00
Screenshot_8

Актерката Мег Рајан присуствуваше на премиерата на новиот документарен филм за Мајкл Џеј Фокс „Still“ во салата Алис Тали во Линколн Центар. Фотографиите од настанот ги објави порталот „Пејџ сикс“.

 

 

61 годишната глумица за прв пат по шест месеци се појави во јавност за да им честита на колегите за премиерата на новиот филм. Ѕвездата на настанот се појави облечена во класични сиви панталони, црвена блуза и црна кабаница и им позираше на фотографите во друштво на пријателите – актерите Бил Мареј и Елвис Костело. Откако фотографиите од премиерата беа објавени на интернет, корисниците ја нападнаа Мег Рајан со критики за нејзиниот изглед.

„Што направила Мег Рајан со своето лице?“ „Мег Рајан изгледа страшно“. „Таа и Мадона очигледно имаат ист пластичен хирург“, се само дел од зајадливите коментари на незадоволните фанови на глумицата.

Потсетуваме дека врвот на кариерата на Мег Рајан беше во 90-тите – тогаш таа стана миленичка на милиони луѓе низ целиот свет, блескаше во филмовите „Кога Хари ја запозна Сали“, „Те чека меил“ и „Бессони во Сиетл“. Во 2019 година, во интервју за Њујорк Тајмс актерката објави дека заинува на „неодредена креативна пауза“, која продолжува до ден-денес.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma