Бидете внимателни со кремите за сончање што сте ги купиле МИНАТАТА ГОДИНА!

popara19 јули, 20231min00
676

Доколку забележите дека структурата на кремата е сменета, се одвојува или има чуден мирис, веднаш фрлете ја. Кремите за сончање обично може да се чуваат 6 или 12 месеци по отворањето.

Доколку имате крема за сончање од минатата година која не сте ја отвориле и била на темно и поладно место, можете да ја користите. Обично, неотворените креми можат да траат две години. Во секој случај, проверете го датумот на истекување, бидејќи немате начин да знаете колку долго бил во продавницата пред да го купите минатата година.

Меѓутоа, ако сте ја отвориле и користеле кремата минатата година, бидете внимателни. Погледнете на шишето колку долго може да издржи по отворањето, обично тоа е период од 6 или 12 месеци (на пакувањето е означено како 6M, 12M).

Информациите за тоа колку долго може да стои по отворањето се прикажани на таквата етикета.

Доколку забележите дека структурата на кремата е „чудна“, веднаш фрлете ја – не нанесувајте ја на кожата. Во најдобар случај, нема ефективно да ве заштити од сонцето, а во најлош случај, може да предизвика иритација на кожата или дури и алергиска реакција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma