Благодарение на вештачката интелигенција, наскоро ќе добиеме нова песна од легендарната група The Beatles

popara14 јуни, 20231min00
o_29410633_1280

Сер Пол Макартни откри дека користел вештачка интелигенција за да ја создаде „последната песна на Битлси“. Имено, Битлси важат за највлијателниот бенд на сите времиња. Кога Џон Ленон го напушти бендот во 1969 година, веста одекна низ светот и шокираше многумина, а кога трагично почина во 1980 година, фановите беа уништени. Малкумина помислија дека некогаш повторно ќе слушнат нова песна од непрежалениот музичар.

Последната снимена песна на Битлси беше „I Me Mine“ во 1970 година, снимена од Пол, Џорџ Харисон и Ринго Стар. Сега последната песна е во подготовка – и сето тоа благодарение на напредната технологија.

image

Пол за време на радио интервју рече дека вештачката интелигенција била користена за да се „извлече“ гласот на Џон од стара демо верзија за да може да ја заврши песната. „Само што ја завршивме и ќе излезе оваа година“, откри 80-годишниот музичар.

Пол не ја именуваше песната, но се шпекулира дека е песна од 1978 година наречена „Now And Then“. Песната веќе се сметаше за можна „песна за повторно обединување“ на легендарниот бенд во 1995 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag